🎥 НЕ ЧИНИ НИ МНОГУ МАЛ, АМА НИ МНОГУ ГОЛЕМ Се развела од сопругот зашто бил премногу надарен, како 3 споени лименки кока-кола
Хејли Калил, поранешна манекенка и интернет ѕвезда, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако откри детали за нејзиниот развод од поранешниот играч на НФЛ, Мет Калил
Хејли Калил, поранешна манекенка и интернет ѕвезда, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако откри детали за нејзиниот развод од поранешниот играч на НФЛ, Мет Калил.
Двојката се венчала пред десет години, се развела пред три години, а официјалното објаснување во судските документи е „непомирливи разлики“. Сепак, се чини дека вистинската причина била нешто поинтимно.
Имено, во неодамнешното емитување во живо, во интервју за јутјуберот Марлон, Хејли раскажа дека таа и поранешниот спортист имале „мирен“ заеднички период без расправии. Но, кога дошло време да открие што тргнало наопаку, таа не го кажала тоа на глас, туку ја запишала причината на својот телефон и му ја покажала на Марлон, кој останал во шок..
– Сериозно, целиот брак, сериозно! – додаде Хејли низ смеа, потврдувајќи дека проблемот бил големината на машкоста на нејзиниот поранешен сопруг.
Марлон не можеше да поверува, а Хејли објасни дека се обиделе да го решат проблемот со посета на терапевти и лекари.
– Дури побарав и естетска хирургија… Мојот живот е комедија, се пишува сам – рече таа со смеа.
Кога ја праша дали ова е „најголемиот фактор“ во нивниот развод, Хејли без двоумење потврди: „Да, најголемиот, се обидов да го спасам бракот, но беше невозможно“.
Таа додаде дека Мет е „еден од 0,01 проценти од луѓето“ со таков проблем, но дека таа сепак се обидела да го спаси нивниот интимен живот, но без успех. „Освен ако не сакате да плачете од болка, не успеа“, призна таа.
Дури и го споделила својот проблем со семејството, барајќи совет од мајка си. Подоцна живописно го опиша својот поранешен сопруг, велејќи дека тој бил „како две лименки Кока-Кола, можеби дури и три, наредени една врз друга“.
Видеото брзо стана вирално, а Хејли подоцна за TMZ, обидувајќи се да ја смири ситуацијата вели:
– Длабоко ја почитувам неговата приватност и она што го имавме. Разговарав за многу важни аспекти од нашиот брак во шоуто, но ми е жал што фокусот беше само на тој дел – вели поранешната манекенка.
Хејли заклучи дека, и покрај сè, таа сè уште „има почит и љубов“ кон својот поранешен сопруг.