📷 ЗАТВОРЕНИЦИ ОД БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР СОБИРААТ ЃУБРЕ ОД ПАТИШТАТА Ќе се вклучат и лица од други затвори и поправни домови

Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите, велат од Управата за извршување санкции.

451

Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување санкции, денеска почна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторот покрај магистралниот пат.

„Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат вклучени и лица од останатите КПУ и КПД, со што ќе ја прошириме и интензивираме оваа корисна практика. Уверени сме дека со заедничка работа и континуирана поддршка, ќе постигнеме уште подобри резултати и почиста околина. Ова е само почеток на една партнерска соработка која ќе продолжиме да ја развиваме и понатаму“, се наведува во соопштението од Управата.






Поврзани содржини