8 ГОДИНИ СКОПЈАНИ НЕ ВИДЕЛЕ ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Со Орце Ѓорѓиевски ќе направиме силен скок, порача Стојановски

Ние оваа кампања не ја водевме колку само да победиме, туку ние неколку месеци размислуваме за што потоа, а како одговорна партија, ќе инсталираме систем за никогаш повеќе да не се повторат проблемите со градската чистота, со јавниот превоз, и сите останати проблеми на скопјани, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

553

Во вториот круг влегуваме како некој којшто води во 21 општина, од оние условно кажано 27 кадешто се води натпревар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ или помеѓу СДСМ. Очекуваме да триумфираме во сите 27, бидејќи во вториот круг апсолутно се боревме за секој човек и за секој глас, очекуваме победа и во Карпош и во Центар, и во сите други општини каде што сме конкурентни, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски објасни дека градот Скопје веќе 8 години нема адекватен градоначалник и дека со ВМРО-ДПМНЕ и со кандидатот Орце Ѓорѓиевски, тоа ќе се промени, преку план и визија.






– Осум години граѓаните на Скопје не виделе како треба да се однесува еден вистински градоначалник на градот. Ние размислуваме за 4 години да направиме толку силен квантен скок, за граѓаните да видат и да почувствуваат дека има Град и како институција којашто се грижи за нив. Имаме план, имаме визија, имаме обезбедено сè како што треба и само чекаме за влеземе во Градот и да почнеме да работиме – рече Стојаноски во гостување на Канал 5.

Тој посочи дека со Ѓорѓиевски ќе биде инсталиран систем со кој ќе се решат проблемите во областа на градската чистота, јавниот превоз и сите останати проблеми кои ги имаат граѓаните на Скопје.

– Ние оваа кампања не ја водевме колку само да победиме, туку ние неколку месеци размислуваме за што потоа, а како одговорна партија, како одговорни луѓе ние ќе инсталираме систем за никогаш повеќе ова да не се повтори и со градската чистота, и со јавниот превоз, и сите овие хронични проблеми. Ние на ова работевме неколку месеци, нашето главно прашање беше што потоа од 3 ноември понатаму. Исме многу подготвени за тоа што следува од тој момент – вели Стојаноски.

Поврзани содржини