📷 ДАЛИ МИНИСТЕРОТ НА ТРАМП НОСЕШЕ ВРАТОВРСКА СО РУСКА ТРОБОЈКА? Хегсет се засмеа среде состанокот во Белата куќа

Но, некои на социјалните мрежи сугерираа и дека трите бои, црвена, сина и бела, исто така се боите на американското знаме. Трети велеа дека дизајнот на лентите, односно нивната широчина на вратоврската, сепак не е иста со познатата „американска вратоврска“ која обино има потенки ленти. 

781

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет привлече внимание на социјалните мрежи поради вратоврската во боите на руското знаме што ја носеше на средбата меѓу претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп.

Хегсет се појави на средбата носејќи вратоврска во боите на руското знаме, бела, сина и црвена, и марамче во боите на американското знаме, а комбинацијата на овие бои, кои ги симболизираат знамињата на двете земји, предизвика бројни коментари во медиумите и на социјалните мрежи, јавуваат американските медиуми.






На социјалните мрежи се коментира и однесувањето на Хегсет на средбата. Американскиот министер се чини дека се засмеа додека Трамп и Зеленски зборуваа. Главната тема на разговорот беше можната испорака на ракети „Томахавк“ на Украина. Трамп не даде дефинитивен одговор дали би ги испорачал ракетите, но изјави дека се надева дека на Украина нема да ѝ бидат потребни.

 

Но, некои на социјалните мрежи сугерираа и дека трите бои на вратоврската на Хегсет, црвена, сина и бела, исто така се боите на американското знаме. Трети велеа дека дизајнот на лентите, односно нивната широчина на вратоврската, сепак не е иста со познатата „американска вратоврска“ која обино има потенки ленти.

 

Средбата на претседателите на Украина и САД започна со кратко обраќање до новинарите, по што двајцата лидери ги продолжија разговорите зад затворени врати, кои траеја два часа.

 

Поврзани содржини