СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИК ВО СКОПЈЕ Полицијата го санкционираше лицето минуваше две полни линии и користеше флешери

Полициски службеници постапија по видео објавено на социјалните мрежи и санкционираа лице кое со службено возило ја прекрши сообраќајната регулатива на бул. Партизански одреди во Скопје.

1,209

Утрово полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., откако на социјалните мрежи на 09.10.2025 беше објавено видео кое предизвика реакции кај граѓаните.

На видеото се гледа како лицето управува службено возило  шкода со скопски регистарски ознаки, користејќи уреди за посебни светлосни знаци (флешери) и притоа преминува преку две полни линии на бул. Партизански одреди.






Од СВР Скопје информираат дека против Б.Б. се преземени мерки согласно член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел да се санкционира прекршокот и да се обезбеди одговорност за непочитувањето на сообраќајните правила.

Полицијата апелира до граѓаните дека употребата на службени возила не им дава право на прекршување на законските прописи и дека сите инциденти ќе бидат сериозно санкционирани.

Поврзани содржини