МЕЦИНОВИЌ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ПРОМЕНАТ АВТОБУСКИТЕ ЛИНИИ ЗАШТО СЕ ЗАСТАРЕНИ Предлага циркуларни линии во комбинација со возови

Мециновиќ го критикуваше проектот БРТ, нарекувајќи го преодно и неефикасно решение. Тој додаде дека Скопје е единствен главен град без јавна линија до аеродромот, ниту кон индустриската зона Бунарџик.

136

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, денеска го претстави планot за јавниот превоз, кој, како што рече, ќе обезбеди трајно решение за транспортните проблеми во главниот град.

Тој најави модерни автобуси, нови линии и активирање на железничката инфраструктура, како алтернатива на проектот БРТ.






Како прв чекор тој најави набавка на нови и безбедни автобуси.

– Втората мерка е промена на автобуските линии. Тие се анахрони, неколку децении стари и сосема неефикасни. Наместо долгите линии по исток-запад, ќе воведеме циркуларни линии кои ќе го хранат комбинираниот транспорт – изјави тој.

Како клучен сегмент го најави ставањето во функција на постоечката железничка линија по север–југ (Ѓорче Петров – Скопје Север – Драчево) и изградба на нова траса по оската исток–запад. Линијата би била долга 13 километри, со 20 станици, и според него долгорочно ќе заштеди стотици милиони евра.

Мециновиќ го критикуваше проектот БРТ, нарекувајќи го преодно и неефикасно решение. Тој додаде дека Скопје е единствен главен град без јавна линија до аеродромот, ниту кон индустриската зона Бунарџик.

– БРТ е „глорифицирана 15-ка или 5-ка“. Искуствата од Истанбул, Богота и од Џакарта покажуваат дека тоа е преодно решение кое долгорочно создава уште поголем метеж. Знаете ли зошто сакаат БРТ, а не железница? Затоа што железницата ја поставуваат Македонски железници, а нивните компании знаат само да бетонираат и асфалтираат. Ние сакаме визионерски пристап и изградба на трајна инфраструктура што ќе го воскресне железничкиот транспорт – најефективниот во светот денес – нагласи тој.

 

Поврзани содржини