ИСТЕПАЛ МАЈКА И ЌЕРКА, МУ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ НА СИНОТ Семејно насилство во Ѓорче Петров
Напаѓачот бил сопруг на 50-годишната скопјанка која го пријавила семејното насилство во полиција.
Скопјанка на возраст од 50 години во неделата пријавила во полиција дека во семејниот дом во Ѓорче Петров, таа и нејзината 28-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг, а подоцна тој со остар предмет му се заканувал и на нејзиниот 25-годишен син.
„На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавилa дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината 28-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ.(50) од Скопје, а потоа им се заканувал со остар предмет на нив и на 25-годишниот син“, се наведува во полицискиот билтен. МВР додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.