ГРАДСКИ ПАРКИНГ СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ Од 1 октомври почнува зимскиот режим на зонско паркирање во Скопје

ЈП „Градски паркинг“ ги извести граѓаните дека во зоните А, Б и Ц паркирањето ќе се наплатува до 21 часот во текот на неделата, додека зоната Д останува со непроменет режим.

1,486

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од среда, 1 октомври 2024 година, ќе стапи во сила зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско.

Според новите правила, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:






– од понеделник до петок – од 07:00 до 21:00 часот,

– во сабота – од 07:00 до 14:00 часот.

Во зоната Д, работното време останува исто, од понеделник до сабота – од 07:00 до 23:00 часот.

Од претпријатието апелираат возачите навреме да ја извршат наплатата при паркирање, за да избегнат дополнителни казни и проблеми.

„Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и да ја вршат наплатата согласно новото работно време. Со оваа промена сакаме да обезбедиме поефикасно користење на паркинг-просторите и да им олесниме на граѓаните во текот на зимскиот период“, соопштуваат од ЈП „Градски паркинг“.

Поврзани содржини