ЗИМСКО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ Во сабота наплатата во А, Б и Ц завршува во 14 часот

Зоните А, Б и Ц од 1 октомври ќе работат до 21 часот во работните денови, а во сабота до 14 часот.

36

Зимското работно време на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг – Скопје“ почнува утре, 1 октомври, објави јавното претпријатие.

Промената ги опфаќа зоните А, Б и Ц, додека распоредот за зона Д останува ист.






Возачите во зоните А, Б и Ц ќе плаќаат за паркирање од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот.

Наплатата во зона Д продолжува од понеделник до сабота, од 7 до 23 часот.

Поврзани содржини