СОВЕТНИКОТ НИКОЛОВ БАРА ДА СЕ ПОВТОРИ ПОСТАПКАТА ЗА НАГРАДАТА ФЕНИКС Смета дека била фрлена дамка на процедурата

0

Горан Николов, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, побара Општината да ја повтори постапката за наградата Феникс, која веќе им е доделена на наградените.

„Фрливме дамка на целиот настан за 50-годишнината од Општина Центар и сметам дека точката предлог одлука за доделување на годишна награда на Општина Центар, Феникс, треба да се повлече. Секоја чест за кандидатите што беа избрани и што учествуваа на огласот, но очигледно поважна беше промоцијата, а тој дел можевме да го скокнеме, и после да биде изгласување на точката. Сѐ беше успешно, меѓутоа фрливме одредена дамка и сметам дека процедурата не е запазена, затоа предлагам оваа точка да биде повлечена и да има нов оглас. Ќе ги охрабрам кандидатите повторно да конкурираат“, наведе Николов.






Градоначалникот Горан Герасимовски на свечен прием по повод 50-годишнината од формирањето на Општина Центар на 3 ноември ги додели признанијата „Феникс“ за животни постигнувања на истакнати личности од различни области. Годинашни добитници на признанието „Феникс“ се Васил Тупурковски, професор, правник и политичар; Зоран Михајлов, доајен на спортското новинарство; архитектот и урбанист Мирослав Грчев; актерите Магдалена Ризова Черних и Ѓокица Лукаревски; композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев; д-р Марија Весова, анестезиолог, како и Тодор Тасевски – Тото, кој со децении го негува боемскиот дух на Скопје.

Поврзани содржини