БАРОН ТРАМП ЗАТВОРИЛ ЦЕЛ КАТ ЗАРАДИ ЉУБОВЕН СОСТАНОК Синот на американскиот претседател на романтична вечера во Трамп Тауер
Иако носењето на симпатијата во зграда со вашето име изгледа малку чудно, медиумите пишуваат дека изборот да има состанок „дома“ бил строго од безбедносни причини.
Синот на Доналд и Меланија Трамп, 19-годишниот Барон предизвикал гласини дека е во врска, откако „Пејџ сикс“ (Page Six) објави дека уживал во романтична вечера во „Трамп тауер“.
Според неименувани извори, целиот кат од зградата бил затворен само за парот – првенствено од безбедносни причини. И „Њујорк пост“ (New York Post) неодамна објави дека Барон живее во Белата куќа додека студира на Универзитетот Њујорк во Вашингтон.
Неговите колеги велат дека Барон „предизвикал возбуда во главниот кампус во Гринич Вилиџ“ минатата година како бруцош.
– Тој е висок и чуден, но дефинитивно беше вистинскиот. Многу девојки го бркаа – наведува извор.
Во април оваа година, беше објавено дека Барон не можел да им го даде својот телефонски број на своите пријатели од колеџот, поради страв да не биде објавен. Наместо тоа, тој ги замолил да испраќаат пораки преку „Дискорд“ но и преку конзолата за видеоигри „Икс-бокс“.