📽️ НЕ ИМ ДОЗВОЛИЈА ДА ИМ ГО РАСИПАТ ВЕЧЕРНОТО ИЗЛЕГУВАЊЕ Џејкоб Елорди ја штитеше Кендал Џенер од папараците во Париз
Актерот и манекенката по ревијата на „Л’Ореал“ пред Ајфеловата кула се обидоа незабележано да стигнат до хотелот, но фотографите не престануваа да ги следат
Џејкоб Елорди и Кендал Џенер се најдоа во центарот на вниманието за време на нивниот престој во Париз, откако папараците ги опколија додека се враќаа кон хотелот. Актерот не ја криеше нервозата и неколкупати ги замоли фотографите да престанат да ги следат.
– Чекајте, чекајте, чекајте, може ли само да прошетаме? Стоп, стоп, стоп – им довикуваше Елорди на фотографите. Кендал во еден момент го покриваше лицето со раката поради силните блицеви, додека актерот ја држеше за рака, а потоа ја прегрна околу половината за да ја заштити додека се пробиваа кон автомобилот.
– Без блиц, само пуштете нè да одиме. Само пуштете нè да си заминеме – им вели тој. Снимката од случувањето брзо се прошири на социјалните мрежи.
Нивното излегување следеше откако Кендал учествуваше на ревијата на „Л’Ореал Париз“ пред Ајфеловата кула, каде што прошета на пистата во впечатлива црна креација. На ревијата настапија и бројни други познати имиња, меѓу кои Селин Дион, Хајди Клум и Линдзи Вон.
View this post on Instagram
Парот претходно беше забележан и на Модната недела во Милано. Кендал ја затвори ревијата на „Ботега Венета“, додека Елорди седеше во првиот ред и ја следеше со внимание. Кога се појави на пистата, тој извади камера и ја фотографираше, што дополнително го сврте внимание кон нивниот однос.
Елорди и Џенер за првпат беа поврзани во март годинава, по забавата на „Венити фер“ по доделувањето на Оскарите, а гласините дополнително се засилија по нивната средба на фестивалот Коачела во април. Оттогаш се фотографирани заедно на различни места, меѓу кои Хаваи, Јапонија, Австралија и Европа.
Иако двајцата досега не зборувале многу јавно за својата врска, нивните заеднички појавувања стануваат сè почести, особено во последните недели за време на модните недели во Милано и Париз.