ТРАМП ПРЕД КАРНИ ЈА НАРЕЧЕ КАНАДА НАЈЛОША ЗЕМЈА Забрани увоз вреден речиси милијарда долари

Односите меѓу Вашингтон и Отава влегуваат во нова фаза на трговскиот судир откако претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече Канада „една од најлошите земји во светот“ и ја обвини дека со години ги искористувала САД.

118

Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“, порача Трамп во Овалната соба, споредувајќи ги тешкотиите во односите со Отава со договорите што Вашингтон ги постигнува со други земји.

– Проблемот е што тие беа многу неправедни кон Соединетите Американски Држави. Тие беа една од најлошите земји во светот. Знаете, се сложуваме со Кина, се сложуваме со луѓето и склучуваме добри договори – рече Трамп.






Претседателот на САД како една од главните причини за незадоволството ги посочи канадските царини за американските земјоделски производи.

– Но, навистина беше многу тешко да се соработува со Канада. Тие наметнаа царини од 400% и повеќе за нашите земјоделци. Тие нè искористуваат – додаде тој.

Новата ескалација не остана само на зборови. Забраната на Трамп за канадска стока вредна речиси милијарда долари стапи во сила, а се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци.

Трамп како причина за мерката ја наведе „дискриминацијата“ на американските производи и потпиша извршни наредби со кои се воведуваат ограничувањата.

Односите меѓу двете земји дополнително се влошија во август, кога пропаднаа трговските разговори, по што Вашингтон и Отава воведоа царини една на друга.

Канадскиот премиер Марк Карни претходно призна дека неговата земја предолго се потпирала на економските врски со САД.

– Последните 40 години беа период на длабока економска интеграција со Соединетите Американски Држави. Точно е дека тоа беше лесен пат, но нè направи премногу зависни од еден економски партнер. Јасно е дека времето помина – рече Карни.

Поврзани содржини