ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ ОД ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ ДО УЛИЦАТА МАКЕДОНИЈА Ресторанот „Езерце“ ќе им се врати на скопјани, најавува Герасимовски

Изминативе 4 години иницирав неколку системски решенија, меѓу кои и онаа за конфискација и пренамена на дивоградбите, што веќе се преточи во законско решение. Поднесена е и иницијатива за доокрупување на градежните парцели. Со општинскиот тим архитекти донесовме нови правила, за да воведеме ред во градењето, истакна Герасимовски на средбата со архитектот Мартин Пановски.

480

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, денеска се сретна со Мартин Пановски, реномиран и наградуван архитект, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македониј а и го запзна со приоритетите во урбанизмот, визијата за развој на општината и со досега реализираните проекти во Центар.

– Изминативе 4 години иницирав неколку системски решенија, меѓу кои и онаа за конфискација и пренамена на дивоградбите, што веќе се преточи во законско решение. Поднесена е и иницијатива за доокрупување на градежните парцели. Со општинскиот тим архитекти донесовме нови правила, за да воведеме ред во градењето – истакна Герасимовски.






На средбата двајцата соговорници разменија мислења за идниот изглед на општината, урбанистичките планови и инфраструктурата. Се согласија дека Центар има потреба од повеќе зеленило, смирен сообраќај и балансирано развивање на станбени, деловни и рекреативни зони.

Герасимовски најави дека во програмата се предвидува уредување на улици со современи пјацети, партерно уредување на улиците „Коле Неделковски“ и „Христо Смирненски“, хортикултурно средување од Зелено пазарче до улицата „Македонија“, реконструкција на „Ленинова“ и други сообраќајници, како и заживување на заборавени објекти, меѓу кои и поранешниот ресторан „Езерце”, кој буди носталгични чувства кај скопјани.

Дополнително, беше разговарано и за решавањето на горливиот проблем со паркирањето преку изградба на катни гаражи и новата општинска зграда.

– Овој објект ќе биде симбол на отвореност и модерна општина, со подземен паркинг за околу 300 возила, што ќе го растовари сообраќајот во Дебар Маало. На архитектонскиот конкурс веќе се избрани 3 најдобри решенија. Се заблагодарувам на архитектонската фела за нивната поддршка во реализацијата на капиталните проекти – рече Герасимовски.

 

Поврзани содржини