ФОТОГРАФИИ ОД СВАДБАТА ОД БАЈКИТЕ НА СЕЛЕНА ГОМЕЗ Младоженецот вели дека се оженил со принцеза

Пејачката и актерка Селена Гомез се омажи со продуцентот Бени Бланко. „Се оженив за вистинска Дизни принцеза“, напишал Бланко покрај објавата на Инстаграм, алудирајќи на кариерата на Гомез на Дизни каналот (Wizards of Waverly Place, Princess Protection Program), но и на нејзиниот изглед во венчаницата

711

Бени Бланко и Селена Гомез се венчаа во Калифорнија на 27 септември, а музичкиот продуцент објави фотографии од нивниот посебен ден на Инстаграм само еден ден по церемонијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by benny blanco (@itsbennyblanco)






На една фотографија се истакнува прекрасниот венчален фустан на Селена, додека двојката позира за спонтано селфи пред големо огледало. На друга фотографија се прикажани нивните венчални прстени, додека на трета е прикажана Гомез како се гушка со Бланко на креветот.

– Се оженив за вистинска Дизни принцеза – напишала Бланко покрај објавата, алудирајќи на кариерата на Гомез на Дизни каналот (Wizards of Waverly Place, Princess Protection Program), но и на нејзината венчаница.

Селена Гомез, исто така, објави серија на фотографии од свадбата преку Инстаграм и видеа од церемонијата со едноставната порака: „27.09.25“. Фотографиите ja прикажуваат двојката како се прегрнува, се држи за раце и ги покажува деталите од нејзиниот букет од бело цвеќе.
Селена за свадбата избрала венчаница од Ралф Лорен, елегантна бела сатенска креација со цветно деколте со огрлица и структуриран корсет, изработен по мерка за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Изгледот бил комплетиран со букет бели лилјани и накит од Tiffany & Co и прстен што гордо го покажа. Бени пак, блеска во класичен црн смокинг со машна пеперутка.
Церемонијата се одржала во градината „Си Крест“ во Санта Барбара, место познато по своите прекрасни градини и интимна атмосфера.

На свеченоста присуствувале околу 170 гости, меѓу кои Тејлор Свифт, Стив Мартин, Мартин Шорт, Пол Рад, Парис Хилтон, Ед Ширан. Вечера за добредојде за гостите се одржала претходниот ден во приватна резиденција во областа Хоуп Ранч.

Гомез и Бланко јавно ја потврдија својата врска во декември 2023 година, шест месеци откако почнаа да се забавуваат, а една година подоцна, Гомез ја објави својата свршувачка со Бланко на Инстаграм, вклучувајќи фотографии од запросувањето на пикник со нејзината омилена храна и слики од нејзиниот веренички прстен со маркиз дијамант.

Поврзани содржини