ПЕСКОВ ТВРДИ ДЕКА РУСИЈА НЕМА НИШТО СО ДРОНОВИТЕ НАД ДАНСКА За Кремљ тоа се неосновани обвинувања

275

Русија денеска соопшти дека беспилотните летала над Копенхаген, поради што беше затворен аеродромот четири часа, не се нејзини.

– Секогаш слушаме неосновани обвинувања – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на изјавата на премиерката на Данска, Мете Фредериксен, која го осуди прелетот на дронови над Копенхаген и не ја исклучи руската вмешаност.






Таа оцени дека тоа е најсериозен напад врз критичната инфраструктура на Данска досега.

– Ова кажува нешто за времето во кое живееме и за тоа на што како општество треба да бидеме подготвени. Секако, не исклучуваме ниту една можност за тоа кој стои зад тоа – додаде таа.

Фредериксен нагласи дека инцидентот е во согласност со неодамнешните појави на дронови, нарушувања на воздушниот простор и кибернапади врз европските аеродроми.

Поврзани содржини