ТУРСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ЌЕ ПОМОГНАТ ВО ИЗГРАДБАТА НА ТЕХНОЛОШКИОТ ПАРК Македонија и Турција подготвуваат протокол за сорабока во науката, технологијата и иновациите

Потишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно-научен кадар, ученици и студенти, соопшти Министерството за образование.

721

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, соопшти МОН.

„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината. Потишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно-научен кадар, ученици и студенти“, соопшти Министерството.






За време на средбата, се додава, министерката Јаневска го претстави концетот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.

„Јаневска и Улусој разговараа и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема“, се вели во соопштението на Министерство за образование и наука.

Поврзани содржини