ЗОИ КРАВИЦ И ХАРИ СТАЈЛС ЈА ПОТВРДИЈА РОМАНСАТА Парот се шета низ Рим држејќи се за раце
Претходно овој месец извори потврдиле дека Стајлс и Кравиц уживаат во својата врска и дека тоа не е само минлива авантура.
Актерката Зои Кравиц и пејачот Хари Стајлс дополнително ги разгоре гласините за нивната романса со ново излегување за време на кое покажаа колку се блиски. Двојката шета низ Рим, држејќи се за раце и разговарајќи, а во еден момент пејачот ја става раката на задникот на актерката, а таа му возвраќа, објавува Page Six.
Пред тоа, тие беа видени како го напуштаат аеродромот ЏФК во Њујорк во четврток. Претходно овој месец извори потврдиле дека Стајлс и Кравиц уживаат во својата врска и дека тоа не е само минлива авантура.
– Многу е тешко да се излегува со некој кога си славна личност… Хари не би излегувал јавно со Зои ако не беше нешто сериозно, но врската е многу нова и свежа, тие само се забавуваат, рекол изворот, додавајќи дека пејачот не сака да става етикети на такви работи.
И покрај вниманието што го привлече оваа наводна романса со Кравиц, пријател на пејачот тврди дека тој и натаму тежнее кон едноставен живот.
Harry and Zoë Kravitz out and about in Italy today – 12 September pic.twitter.com/UbsY1IWCje
— HS Candids (@hsdcandids) September 12, 2025
– Тој сака да биде што е можно понормален. Би шетал низ Бруклин цел ден без да биде препознаен кога би можел, но тоа едноставно не е начинот на живот што го води, рекол тој.
Стајлс и Кравиц првпат предизвикаа гласини за врска во август, кога видео од нив како се бакнуваат во Рим стана вирално. На почетокот на септември, парот наводно ја потврдил својата врска кога извор ги видел како се држат за раце во Бруклин.