📽️ СЕ ОГЛАСИ СТУДЕНТОТ КОЈ ПОСЛЕДЕН ЗБОРУВАШЕ СО КИРК „Ако така мислите, тогаш сте психопати“
Прво на сите, вие болни ебани психопати кои мислите дека ова е одговорот, не е. Не знам што друго да кажам. Ужасно е, децата се без татко. Чарли имаше две деца и жена, вели студентот Хантер Козак истакнувајќи дека иако не се согласува со ставовите на конзервативната десница, Кирк сепак бил човечко суштество.
Студент на Универзитетот Јута Вали, кој му постави прашање на Чарли Кирк непосредно пред Кирк да биде убиен, проговори за пукањето, велејќи дека оние што ја слават смртта на Кирк се болни психопати.
„Прво на сите, вие болни ебани психопати кои мислите дека ова е одговорот, не е. Не знам што друго да кажам. Ужасно е, децата се без татко. Чарли имаше две деца и жена. Не сакам ова да биде за мене, но имам две деца и жена, и ако моето едногодишно момче, како и неговото едногодишно момче, ќе порасне без сеќавање на својот татко, тоа е трагедија и тешко е да се справите со тоа. Луѓето очигледно ја истакнаа иронијата дека пред да биде застрелан, се обидував да истакнам колку е мирна левицата во САД, а тоа има смисла само ако останеме мирни“.
The man who asked Charlie Kirk the tr*nsgender question before he was shot breaks his silence.
“The point I was trying to make is how peaceful the left was (long pause) right before he got shot.” pic.twitter.com/NkF6yqsr6B
— Vigilant Fox 🦊 (@VigilantFox) September 11, 2025
Студентот по име Хантер Козак вели и дека не се согласува со ставовите на конзервативниот Чарли Кирк, но дека Кирк е сепак човечко суштество.
– Дали го заборавивме тоа? – прашува Козак.
На настанот студентот го прашал Кирк дали знае колку трансродови Американци се одговорни за масовни пукања во изминатата деценија, на што Кирк одговорил: „Премногу“.
Студентот му возвртил дека бројката е само 5, а потоа го прашал Кирк дали знае колку масовни пукања имало во САД во изминатата деценија.
Кирк возвратил со прашање:
– Дали го броиме насилството на бандите?
Неколку секунди подоцна, говорникот Кирк беше застрелан и убиен.
Одделот за јавна безбедност (ДПС) на Јута објави видео-снимка на која е осомничениот за убиството.
На снимката се гледа како осомничениот трча преку кровот на школска зграда и потоа влегува во шума, каде подоцна е пронајдена пушката со која е убиен Кирк.
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот, 11 септември, најави дека ќе му додели постхумно Претседателски медал на слобода на Кирк. Активистот важеше за силен поддржувач и сојузник на политиките на Трамп.