ЌЕ СЕ ЧЕШЛААТ ЛИЦЕНЦИТЕ НА НАФТЕНИТЕ КОМПАНИИ Енергетскиот регулатор и инспекторите договорија брза лента за постапување

Од ДПИ и РКЕ најавија дека во  периодот што следува фокусот ќе биде насочен  кон контролата на условите за работа на лиценцираните компании се со цел обезбедување непречено функционирање на енергетскиот пазар и заштита на потрошувачите.

103

Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката договорија Регулаторната комисија за енергетика и Државниот пазарен инспекторат.

Псебен акцент на соработката деновиве  ќе биде ставен во откривањето на незаконитости кај компаниите кои имаат лиценци во нафтениот сектор бидејќи поголемиот дел од нив ги обновуаат лиценците.






–   Нашето заедничко делување има за цел освен да ги заштити потрошувачите, во исто време и да делува корективно спрема носителите на лиценци. Токму неодамна РКЕ отпочна постапка за одземање лиценца на една нафтена компанија кај која ДПИ по вонреден инспекциски надзор констатира дека не се задоволени минимално- техничките услови за работа согласно Правилникот. Во овој момент работиме на лиценцирање на најголемите нафтени компании, кои по 20 години ги продолжуваат лиценците. Станува збор за комплексен процес, во кој се  неопходни заеднички активности на РКЕ и ДПИ – се со цел да се констатира фактичката состојба на терен и дали законските услови се исполнети -изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Од ДПИ и РКЕ најавија дека во  периодот што следува фокусот ќе биде насочен  кон контролата на условите за работа на лиценцираните компании се со цел обезбедување непречено функционирање на енергетскиот пазар и заштита на потрошувачите.

– Во изминатите осум месеци, Државниот пазарен инспекторат изврши над 80 надзори во трговијата на мало и трговијата на големо со нафтени деривати, а во однос на квалитетот на нафтените деривати на пазарот во Македонија, земени се над 150 примероци за лабораториска анализа за квалитетот на истите. Истовремено се издадени 16 решенија за привремена забрана за вршење дејност по однос на неверифицирани мерила. ДПИ во соработка со РКЕ, ќе го зголеми надзорот над трговците на големо со нафтени деривати и други енергенси во однос на исполнувањето на услови за вршење на трговија на големо, задолжителните резерви кои трговците имаат обврска да ги чуваат, трговијата преку склад и сл.- изјави Влатко Стојкоски, директорот на ДПИ.

Државен пазарен инспекторат најаво дека ќе  продоли со строгите контроли и мерки за несовесните трговци во вршењето на трговија со нафтени деривати и други енергенси.

Поврзани содржини