ВУЧИЌ РАЗГОВАРАЛ СО ЛАВРОВ Што му открил за Косово, БиХ и за кризата во регионот?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се пофали со, како што наведе, долг и срдечен разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, објави Србија данас.
Претседателот истакна дека разговарале за билатералните односи, се договориле за натамошно унапредување на економската соработка, учество во заеднички проекти, и истовремено ја анализирале политичката соработка, со желба за понатамошно подобрување на комуникацијата и соработката во различни форуми, организации и институции на меѓународно ниво.
Тој воедно нагласи дека ја разгледале ситуацијата во регионот, пред сè политичката состојба во Босна и Херцеговина, кризата која е, како што рече, предизвикана однадвор, со постојани напади врз Република Српска.
„Го информирав министерот Лавров и за внатрешната ситуација, особено во врска со состојбата на Косово и Метохија и обидите за постојан прогон на нашето население од вековните огништа, како и за молкот на најголемиот дел од меѓународната заедница. Се договоривме да продолжиме да работиме на развојот на нашите односи во различни области“, пишува во објавата на претседателот на Србија на Инстаграм.
View this post on Instagram