Д-Р КЕДЕВ Е СПРЕМЕН ДА ЗБОРУВА ОТВОРЕНО, „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈАВНО ГО ПОДДРЖУВА Време е да се каже и да се докаже кој врши непотребни хируршки интервенции

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ силно ја поддржува иницијативата на проф. д-р Сашко Кедев и го поттикнува јавно да соопшти во кои приватни клиники или поликлиники се вршат непотребни стентирања и други непотребни хируршки интервенции. Министерството за здравство подготвува инспекции во приватните болници, а д-р Кедев најавува дека е спремен да зборува отворено. Коцката е фрлена...

7,121

Голема врева се крена по реакцијата на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на изјавата на проф. д-р Сашко Кедев дека „приватни институции, болници“ вршат „непотребни интервенции, коишто се профитно ориентирани“.

Кардиологот Кедев ова сериозно обвинување го кажа во емисија на радиото Канал 77, зборувајќи главно за наводно непотребни стентирања и кардиохоруршки интервенции. За волја на вистината, болницата „Аџибадем Систина“ не беше спомната од страна на Кеедев – тој не посочи ниту една конкретна здравствена установа или лекар – но во емисијата водителот ја спомна токму оваа болница.






„Аџибадем Систина“ остро ја осуди „содржината и пораката на ваквиот јавен настап“ и од д-р Кедев побара да прецизира на која болница мисли и најави тужба ако тоа не се случи.

БОЛНИЦАТА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НИКОГАШ НЕ ИЗВРШИЛА ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА БЕЗ ЈАСНА МЕДИЦИНСКА ИНДИКАЦИЈА Д-р Кедев да каже на која „приватна болница“ мисли кога обвинува

По ова, попладнево се огласи Министерството за здравство и најави инспекциски надзор во приватните болници.

ИТЕН НАДЗОР ВО ПРИВАТНИТЕ КЛИНИКИ ПО ТВРДЕЊАТА НА Д-Р КЕДЕВ ЗА НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ Министерството апелира да се избегнуваат генерализации и сензационализам

Вечерва агенцијата МИА објави вест, според која д-р Кедев изјавил дека тужбата, што претходно му ја најави Клиничката болница „Аџибадем Систина“, доколку не прецизира во која приватна болница се врши непотребно стентирање за профит, „ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство“.

– „Аџибадем Систина“ силно ја поддржува иницијативата на проф. д-р Сашко Кедев и го поттикнува јавно да соопшти во кои приватни клиники или поликлиники можеби, во Скопје или во други градови во земјата, се вршат, како што вели тој, непотребни интервенции. Добро е што Министерството за здравство најавува надзор, а посебно е важно тоа што д-р Кедев изразил спремност да проговори отворено. Нашата клиника, во сите изминати 25 години, никогаш не извршила хируршка интервенција без јасна медицинска индикација и не е случајно тоа што секоја година имаме 20.000 нови пациенти. Со тоа портфолио и со такво реноме, ние застануваме зад иницијативата на д-р Кедев – велат одговорните во „Аџибадем Систина“.

Што се однесува до најавата за тужба, од „Аџибадем Систина“ велат:

– Како и во нашата првична реакција, така и сега потсетуваме дека во спорната емисија беше спомната нашата клиничка болница, иако д-р Кедев не прецизираше на кого мисли. Затоа и побаравме тој да проговори директно и отворено, бидејќи тоа е најдобриот начин и тој лично да го сочува својот висок професионален углед, што ние искрено го почитуваме. Паушалните изјави ќе го загрозат и неговото реноме, како што го повредуваат и угледот на нашата клиничка болница, спомната во контекст на овие изјави. Д-р Кедев вели дека има докази за она што го тврди, ние силно веруваме во тоа и очекуваме јавно да ги соопшти.

Денеска, откако првичната возбуда веќе е стивната, на потег се д-р Сашко Кедев и Министерството за здравство. Доколку навистина во Македонија се вршат непотребни хируршки интревенции заради профитирање, редно е тоа да се потврди со аргументи и со докази, а јавноста за тоа да се извести благовремено.

Поврзани содржини