Закони – да, еко лажговци – не!
Ако го видите посебно предлог законот за рударство се добива силен впечаток дека државата конечно се охрабрува да одлучи што е стратешки неопходно за неа и за нејзините граѓани и да стави силна контрола врз сите осум постапки за отворање или постоечки рудник.
Дали на Македонија ѝ се потребни нови два засебни закона за рударство и за геологија? Апсолутно да. Бидејќи само со соодветна регулација и строг надзор, рударството може повторно да стане столб на македонската економија, да создава развојни можности и да помогне во спречување на „белата чума“ и иселувањето.
Ако го видите посебно предлог законот за рударство се добива силен впечаток дека државата конечно се охрабрува да одлучи што е стратешки неопходно за неа и за нејзините граѓани и да стави силна контрола врз сите осум постапки за отворање или постоечки рудник. Главно предничат следниве четири: геолошко истражување, елаборат за комплетна компатибилна и прифатлива заштита на животната средина, а со цел задоволување на, пред се, човековите, но и на потребите на другиот жив свет, експлоатацијата и економскиот развој на Македонија и зголемувањето на животниот стандард и она најважното на кое очигледно се внимавало, има повеќе изрази: рехабилитација, ремедијација, рекултивација наједноставно ставање во целосна употреба, на употребеното земјиште за рудник, за потребите на живиот свет.
Се поставува едно клучно прашање: Кој смее и кој мора да биде присутен на масата за конечна верзија на овие два закона?
Според мене, одговорот е даден преку следниве два примера:
– Професорите кои живеат со оваа проблематика,
– Нормалните екологисти или пак Еко лажговци по нарачка.
За да можете да бидете на маса каде се разговара за иднината на државата мора да имате многу „штоф“ во себе. Кога се разговарало за радиодифузија, телекомуникации и авторски права, на пример, како директор на асоцијација на сто дваесет и пет (125) радиодифузери од сто дваесет и седум (127) со концесија и плус заедно со Горан Гаврилов, претседатели на Југоисточна Европа на деветстотини шеесет и осум (968) радиодифузери, ти си респектабилен за на масата.
Ако разговараме за рударство на металични суровини што е само еден сегмент од целокупното рударство можам самокритично да се пријавам дека можам да гледам, запишувам и да пренесувам факти на јавноста од она што го кажале експертите, односно професорите-научници кои знаат да ја препознаат научната проблематика во суштина.
На масата за законите за рударство и геологија првенствено морат да седат (професори):
– геолози и да разговараат за видот на карпите и начините на истражување на рудните богатства;
– рудари кои ќе прават дистинкција помеѓу древното и традиционалното, со модерното рударство и нормално да се изјаснат каде може да има затворен или отворен коп, а да не се водат од економската исплатливост на инвеститорот (ова посебно важи за рудникот Генезис);
– металурзи кои јасно и недвосмислено ќе ги кажат сите еколошки заштитнички кон населението, металургиски постапки за екстракција на метална руда;
– професори од медицина да ги согледуваат и следат сите модерни текови, пред се, за заштита на рударите од повреди и веднаш да реагираат на непотребни нус појави поради лош карактер на поединци;
– професори за макроекономски движења на металот на светските берзи итн.
Еден од моите професори кој иако е во извонредна ментална и физичка состојба поради законските нормативи ќе мора да оди во заслужена пензија, но тоа не значи и на одмор.
Неговиот магистерски труд е на тема индиум, работен во раните деведесетти години на минатиот век. Единствена држава која имала искуство со овој елемент во тој момент е Јапонија. Литературата која ја добил била исклучиво на јапонски јазик. Заедно со неговиот ментор Светомир Хаџи Јорданов (еден од авторите на стручната книга за екстракција на метали „Електролиза, техника и технологија“ и автор на „100 години Прехранбена, Текстилна, Хемиска и Металуршка индустрија во Македонија) од еден воспитан г-дин од Јапонија кој предавал во Македонија, добиле одговор дека литературата е премногу стручна.
Истиот мој професор како декан на Технолошко-металуршкиот факултет одбил литература преведена на македонски јазик, но не од соодветно лице кое ја препознало стручната литература.
Исто така е главен поборник.
Заедно со останатите професори од металургија за тоа како да се исчистат и финансиски да се искористат ретките и други метали со екстремна сигурност од еколошки аспект во хидројаловишните езера и јаловиштата како што се Југохром, Лојане, Велес итн.
Во иднина нема градење на хиројаловишни брани. Први прифатија рудниците Генезис и Иловица-Штука. Значи нема езера.
И сега доаѓаме до тоа да направиме разлика меѓу „нормални еколози“ и „еко лажговци“ по нарачка.
Нема рудар и металург кој не сака да соработува со „нормални еколози“. Тоа се личности кои знаат да разговараат дека да го стопирате или изгаснете процесот на индустријализација е утопија. Напротив мора да го контролирате и тоа по сите прописи согласно Европската унија кои ние ги имаме прифатено во целост, а за тоа мораме да ја јакнеме држават пред се.
Еко лажговците по нарачка денес ќе ви ги претставам со реката Дошница.
Еве како лажат:
На оваа река од страната на Демир Капија постои хидроцентрала од 1952 година, каде има цевка од четири илјади (4.000) метри и на крајот има рибник каде во еден турнус рибарско мрестење се создаваат околу петстотини (500.000) илјади млади од автентична речна и калифорниска пастрмка..
Дали некогаш како луѓе сме се запрашале како се полни Мавровско езеро? Сме чуле ли за некоја Мавровска река? Ова езеро се полни со најсложениот хидросистем во Европа долг сто и триесет (130) километри кој носи вода од Шар Планина и е со тиролски зафати така што камењата одат над системот, за да не го нарушат течението.
Со создавањето на овој проект Мавровско езеро подоцна е создаден Националниот парк, каде има викендички, ски центар итн. Досега не е увидено да се удавила мечка, да угинале пчели или било кој друг животински свет и посебно е увидено дека тука си го нашол своето место нашиот заштитен рис.
Во следните две колумни кои ќе ги објавам овој месец ќе дообјаснам за еко лажговците по нарачка со детали за Асан Бег и за неговите другари од еко партиите какви зулуми имаат направено во делот хидро системи и рудници.
И да им одговорам автентично во мој стил на моите другари од сопственичката структура на рудникот Бучим на нивното „љубовно“ писмо до мене и за моите „инсинуации“. Едно од прашањата е: Зошто подаривте возило во Струмица, а не во Радовиш, Конче, Кочани итн?