ГРОМ ПОВРЕДИ 11 СРПСКИ ФУДБАЛЕРИ Еден е во болница

892

За време на фудбалски натпревар доцна попладнево во Лозница, на 100 километри западно од Белград, при удар на гром 11 играчи се полесно повредени.

Според српски медиуми, фудбалскиот натпревар се одиграл помеѓу Раднички од Клупци и Цер од Петковица.






Десет играчи на домашниот тим се полесно повредени, а играч на Цер е потешко повреден и е хоспитализиран.

Во саботата во Чешка се случи слчен инцидент, во градот Опава гром удри за време на фудбалски тренинг на деца. Едно дете е хоспитализирано со тешки повреди додека други седум и еден возрасен се здобија со полесни повреди.

Поврзани содржини