СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ТРИ НЕДЕЛИ БИЛ ВО БОЛНИЦА На 26 август бил вратен во затвор
По завршувањето на болничкиот третман, на 26 август Јакимовски бил вратен во КПУ Затвор Скопје.
Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на ГРОМ Стевче Јакимовски бил хоспитализиран во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ речиси три недели, од 5 до 26 август, по здравствени тегоби, потврди за „Скопје1“ директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски.
По завршувањето на болничкиот третман, на 26 август Јакимовски бил вратен во КПУ Затвор Скопје.
Утковски укажува дека доверливоста здравјето на пациентите е доверлива информација и дека човечкото достоинство e пред сè, притоа велејќи дека институцијата постапила согласно своите надлежности и медицинските препораки.
Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за незаконската изградба на општинската зграда во Карпош.