ЌЕ ИМАМЕ 5 КАТЕГОРИИ ПОТРОШУВАЧКИ КОШНИЧКИ Потребите на брачен пар и на пензионер не се исти, вели премиерот

Сметам дека тука треба да има 5 сегменти, односно да има потрошувачка кошница за самец, за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четричлено семејство и за пензионери. Потребите на еден пар пензионери се различни од потребите на еден млад брачен пар, изјави премиерот.

1,105

„Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери“.

Вака најави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод реконструкцијата на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.






Според Мицкоски потребите се различнина различните групи граѓани. За поделбата на пет категории потрошувачкуи кошници премиерот рече дека се консултирал со експерти од академската фела.

– Интензивно работиме со професори и со министерот за економија, Бесар Дурмиши, на оваа тема. Како што сум информиран процесот на утврдување на репрезентативност на синдикатите е завршен и наскоро ќе се одржи седница на Економско социјален совет на која ќе се разговара и за потрошувачката кошница. Сметам дека тука треба да има 5 сегменти, односно да има потрошувачка кошница за самец, за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четричлено семејство и за пензионери. Потребите на еден пар пензионери се различни од потребите на еден млад брачен пар – изјави Мицкоски додавајќи дека се потребни понатамошни анализи за подобри резултати.

 

Поврзани содржини