ДОДЕЛЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 876.000 ЕВРА ЗА НАУЧНИ ПРОЕКТИ Министерството за образование објави 3 јавни повици за користење на државни пари
Пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација на државата ќе се финансираат со 30,4 милиони денари.
Науката добива зголемена поддршка од Владата. Преку два јавни повика, Министерството за образование и наука распредели над 54 милиони денари (876.623 евра) на јавните научни установи за реализација на научно-истражувачки проекти, како и на високообразовните установи кои во соработка со бизнис заедницата спроведуваат проекти од посебен научен и јавен интерес што се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија.
Како што информира Министерството за образование и наука, со 23,7 милиони денари ќе се финансира реализацијата на 8 проекти со кои осумте самостојни јавни научни установи, односно институти аплицираа на објавениот повик на МОН за доделување на средства за поддршка на нивната дејност, која е од висок стратешки и национален интерес за државата.
– Пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација на државата ќе се финансираат со 30,4 милиони денари.
Министерството информира дека дополнително ќе бидат објавени и резултатите од третиот јавен повик кој е дел од програмата за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија за 2025 година, преку кој ќе се финансираат иновативни проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската академија на науките и уметностите. Секој прифатен проект ќе добие до 8 милиони денари.
Буџетот за наука во 2025 изнесува 680 милиони денари, што е речиси двојно зголемување споредбено со буџетот од 2024 година.