📽️ СВЕДОК НА НЕСРЕЌАТА ТВРДИ ДЕКА ФУДБАЛЕРОТ ЖОТА НЕ ВОЗЕЛ БРЗО „Знам што видов, патот е ужасен и темен“

1,059

Трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија,28-годишниот Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва сè уште е во центарот на вниманието на светската јавност!

И додека прелиминарните полициски извештаи сугерираат дека „ламборџинито“ со кое патувале браќата можеби се движел со пребрзо, еден возач на камион кој бил сведок на инцидентот го изнесе спротивното тврдење во емотивно видео.






– Не возеле брзо. Имам чиста совест. Знам што видов таа ноќ – рече Хозе Азеведо, кој секојдневно вози на тој дел од автопатот, недалеку од границата меѓу Португалија и Шпанија:

Тој рече дека го снимил моментот на несреќата, застанал и се обидел да помогне.

– За жал, не можев ништо да направам. Сакам семејството да знае дека возеле нормално. Ја видов марката и бојата на автомобилот, сè беше совршено чисто. Тој пат е ужасен, темен и многу опасен – уверува Азеведо.

Според првите наоди на форензичките експерти, сомневањата се дека пукнала гума на луксузен автомобил кој може да развие до 320 км/ч, додека се обидувале да заобиколат друго возило. Потоа автомобилот излетал од патот, се превртел и се запалил, а пламенот ја зафатил околната вегетација.

Инаку, само неколку часа претходно, на истиот пат се случила тешка несреќа во која тешко била повредена 60-годишна жена, кога и нејзиниот автомобил излетал од патот.

 

 

Поврзани содржини