ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

Полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведуваат акција во повеќе градови за сузбивање на неовластено производство и трговија со дрога.

0

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата ја спроведуваат припадници на Одделот за организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.






Според МВР, полицијата презема мерки против кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акцијата сè уште е во тек, а од МВР најавуваат дека повеќе детали за преземените мерки, активностите на полицијата и резултатите ќе бидат соопштени по нејзиното целосно завршување.

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

Поврзани содржини