📽️ МОДРИЌ ГО ОСТАВА РЕАЛ ВО СИГУРНИ РАЦЕ Хрватот со еден гест го одбра својот наследник на „Бернабеу“
Лука Модриќ го одбележа крајот на својата блескава ера во Реал Мадрид на тивок, но симболичен начин.
По 13 години слава, титули и магија на „Сантијаго Бернабеу“, Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид. Полуфиналниот пораз од ПСЖ на Светското клупско првенство (4:0) беше негов 597-ми и воедно последен настап во дресот на „кралевите“. Со вкупно 28 освоени трофеи, тој заминува како најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот.
Но, приказната не заврши само со трофеи и статистика. Камерите на „Ел Чирингито“ забележаа сцена по враќањето во Мадрид, која предизвика бура реакции. На Хрватот му приоѓа до еден соиграч, Лука го прегрнува и му го предава дресот. Таа слика ја испрати пораката која зборува повеќе од илјада зборови.
„Ова не беше обично збогување. Тоа беше избор. Симболично предавање на штафетата. Лука Модриќ не случајно го избра токму него“, пишуваат шпанските медиуми.
Тој не одржа прес-конференција, не даде изјава. Но, сите знаци водат кон тоа дека Хрватот сакал јасно да покаже кому му ја препушта „десетката“ – позицијата на креатор, лидер, диригент во средниот ред на Реал.
Ако некогаш се прашувавме кој е идниот столб на „кралевите“, по овој чин дилемата е речиси отстранета. Последниот гест на Модриќ се однесувал на Арда Ѓулер, турскиот бисер кој оваа сезона блескаше со талент, зрелост и визија.
Со само 20 години, трансфер вредност од 45 милиони евра, 61 натпревар, 12 гола и 11 асистенции зад себе, Ѓулер веќе ги освојува срцата на фановите. Но сега, доби и нешто многу повредно – неофицијалниот благослов од легендата на клубот.
👉🏻 @iHQGuler pic.twitter.com/Pb3mefw73Z
— @iHQGuler (@Ard1Gu1er) July 11, 2025