АКО ДУИ ОДИ СО БУЈАР ОСМАНИ ВО ЧАИР, ТОГАШ ВРЕДИ ЌЕ ОДИ СО ИЗЕТ МЕЏИТИ? Вицепремиерот нема проблем да се кандидира за градоначалник

ДУИ сака за Чаир да го кандидира Османи и јасно им е дека друг кандидат не е во игра, а нас ни е битно да го добиеме Чаир. Се прават анализи, не исклучувам опција да се кандидирам за градоначалник на Чаир, изјави вицепремиерот Изет Меџити.

723

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити во 24 анализа рече дека не ја исклучува опцијата да се кандидира за градоначалник на Општина Чаир.

Според него, во тек се внатрепартиски анкети за сите кандидати.






Меџити објасни и дека очекуваат победа во голем број од општините во албанскиот блок.

– Ние не се плашиме, фокусирани сме на локални избори, на добра програма и добри кандидати и на локални избори ќе се потврди победата од пред година дена. Реконструкција на влада може да има и за нас е добредојдена. Не се гледаме како губитници. Прв пат опозицијата освои 107 000 гласови на претходните. Во албанскиот блок натпреварот е во 17 општини, мнозинство очекуваме да освоиме. Очекуваме победа и во Тетово, Чаир, Гостивар, Дебар, во Струга. Владините партнери си помагаат, немаме преговори за поддршка во прв круг и немаме договор. Секогаш важи догворот за вториот круг. Немаме потреба да преговараме да одиме со заеднички кандидати, ќе одиме со посебни. Сега анализираме терен, сакаме да најдеме најдобри решенија и врз основа на тоа ќе дејствуваме. Нема да се договараме за поддршка од прв круг. ДУИ сака за Чаир да го кандидира Османи и јасно им е дека друг кандидат не е во игра, а нас ни е битно да го добиеме Чаир. Се прават анализи, не исклучувам опција да се кандидирам за градоначалник на Чаир – рече Меџити.

Поврзани содржини