СДСМ И ФИЛИПЧЕ ГО ПУШТИЈА ДЕТЕТО НА ЗАЕВ НИЗ ВОДА Партијата сè уште молчи за повикот за линч на новинар
СДСМ уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истржат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека Венко Филипче и Зоран Заев стојат зад Костадин Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат повикот за линч врз новинарот Драган Павловиќ Латас, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
– Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар. Овие закани по живот врз новинар докажуваат дека СДСМ нема што друго да понуди освен закани и сеење страв врз народот. СДСМ уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истржат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави – рече Петрушевски.
Во недостаток на политики и аргументирани критики, додаде тој, СДСМ и Филипче го пуштаат детето на Заев низ вода, за да добијат медиумско значение.
– Филипче и Заев се црната страна на политиката во Македонија, синоним за неспособност, криминал и устен терор врз граѓаните – рече Петрушевски.