ИНВЕСТИЦИЈА ОД НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЗДРАВСТВОТО Владата има средства за изградба на новиот Клинички центар во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека првата фаза од британскиот договор за поддршка на македонското здравство опфаќа неколку крупни проекти: довршување на Клиничката болница во Штип, изградба на Медицински факултет со нов студентски дом со капацитет од 200 легла, изградба на нова болница со здравствен дом во Кичево, како и целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

1,473

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека првата фаза од британскиот договор за поддршка на македонското здравство предвидува инвестиција поголема од 200 милиони евра. Како што посочи тој, точниот износ ќе биде познат откако ќе започне процесот, по сличен модел како оној за финансирање на пругата.

Министерството за здравство, вели Мицкоски, треба да се обрати до Министерството за финансии со барање за распишување тендер преку кој финансиски институции и банки ќе изразат подготвеност да го финансираат проектот.






– Најдобрите услови, што ќе бидат понудени, ќе ги прифатиме и ќе ги одбереме – рече премиерот.

Првата фаза од договорот опфаќа неколку крупни проекти: довршување на Клиничката болница во Штип, изградба на Медицински факултет со нов студентски дом со капацитет од 200 легла, изградба на нова болница со здравствен дом во Кичево, како и целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

Премиерот тврди дека Владата веќе располага со финансиска рамка за да започне и втората фаза, која вклучува изградба на долго најавуваниот голем Клинички центар во Скопје.

Понекогаш е доволно да го изметете дворот и да ја подобрите хигиената

Премиерот изрази благодарност до директорот на Клиниката за детски болести, медицинскиот персонал, како и до директорот на Фондот за здравствено осигурување, за реализирањето на 11 конкретни чекори кои биле спроведени во последните месеци. Тој нагласи дека и со ограничени ресурси можат да се направат значајни подобрувања.

– Некогаш треба малку пари за да направите нешто што изгледа добро, а некогаш и не ви требаат пари – доволно е да го изметете дворот и да ја подобрите хигиената. Тоа не чини милиони – изјави Мицкоски, оценувајќи дека досегашниот напредок заслужува пофалба.

Тој додаде дека објектот заслужува посебна грижа бидејќи се грижи за најмладите пациенти – децата.

Премиерот истакна и дека министерот за здравство пристапува амбициозно кон планираните проекти, и изрази уверување дека многу од досега стопираните процеси ќе се активираат. Според него, Владата веќе одржала неколку состаноци на оваа тема, и граѓаните, вработените во здравствениот сектор и пациентите можат да очекуваат „убави и пријатни изненадувања“.

– Доаѓа време кое што ќе биде многу подобро, би рекол, најдобро за граѓаните – порача Мицкоски.

Мицкоски додаде дека министерот за здравство пристапил амбициозно во реализирањето на здравствените проекти и изрази уверување дека многу од досега заглавените иницијативи конечно ќе се задвижат. Како што рече, Владата веќе имала неколку состаноци на кои се дискутирало за иднината на здравствениот сектор, а според него, граѓаните, вработените во Клиничкиот центар и пациентите можат да очекуваат „многу убави и пријатни изненадувања“.

– Доаѓа време кое што ќе биде многу подобро, би рекол, најдобро за граѓаните – порачал премиерот.

Поврзани содржини