ВО СРЕДА НАДЗОРНА РАСПРАВА ЗА АЛТА БАНКА АД БИТОЛА Во Комисијата за финансирање и буџет поканети се сите надлежни претставници

Тема на расправата е „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

4

На 85. седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на 11 ноември (среда) 2026 година, со почеток во 11:00 часот во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи надзорна расправа на тема: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“ – информира Собранието.

„Комисијата за финансирање и буџет поканува овластени претставници на Владата и на органите на државната управа, како и други лица кои ќе дадат информации за прашањето што е предмет на надзорната расправа“ – се вели во соопштението на собранискиот Сектор за комуникации и односи со јавноста.






Поврзани содржини