САД РАСПОРЕДУВААТ ОРУЖЈЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК, ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ Не се знае каква воена опрема е пратена во регионот
Заштитата на американските сили е наш врвен приоритет и ова распоредување оружје има за цел да ја зајакне нашата одбранбена позиција во регионот, рече министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, синоќа наредил да биде распоредено дополнително оружје на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, што ги зголемува тензиите во регионот, објави тој на платформата Икс.
Хегсет не прецизираше какво оружје е испратено во регионот.
„Заштитата на американските сили е наш врвен приоритет и ова распоредување оружје има за цел да ја зајакне нашата одбранбена позиција во регионот“, рече Хегсет.
„НИ СЕ ПРУЖИ МОЖНОСТ“ Израел го уби човекот кој е најблизок до врховниот водач на Иран