ЈЕЛЕНА РОЗГА СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА ЗА ИВАН ХУЉИЌ „Љубовта е супер, среќна сум, ние сме среќни“
Хрватската пејачка Јелена Розга (47) ја потврди својата врска со Иван Хуљиќ (37) во април.
Хрватската пејачка Јелена Розга (47) ја потврди својата врска со Иван Хуљиќ (37) во април.
Пејачката и композиторот и текстописец веќе претходно ги поврзуваа. Јелена не зборува многу за својата љубовна врска, но сега за „Ин магазин“ изјави дека нејзе и на Иван им е многу убаво.
„Љубовта е супер, среќна сум, ние сме среќни“, кратко рекла таа.
Јелена и Иван беа снимени заедно во Торонто на почетокот на март. Тие беа во друштво на Петар Грашо, кој настапуваше со Розга. Нивните фотографии се појавија на инстаграм-профилот на Тиевенти, но во меѓувреме се избришани.
Да потсетиме, гласините за врската помеѓу Јелена и Ивана траат уште од минатата година.
На почетокот на годината, српски „Курир“ објави фотографии направени во летото 2023 година, на кои се гледаат Јелена Розга и Иван Хуљиќ како шетаат низ Будимпешта држејќи се за раце.
Јелена и Иван се видени заедно и претходно. На почетокот на годината, некој ги снимал и во продавница. Фотографиите потоа биле испратени до Далматинскиот портал од читател, кој изјавил дека Јелена и 10 години помладиот Иван му изгледале „опуштено и весело“.