🎥 ЈЕЛЕНА РОЗГА СЕ РАСПЕА ВО АВТОМОБИЛ Хрватската пејачка сподели видео во кое пее додека патува

Славната хрватска пејачка Јелена Розга ги воодушеви своите следбеници со видео од автомобилот во кое го пее хитот на Магазин „Љубе се добри, лоши, зли“.

11

Јелена Розга им покажа на своите следбеници на Инстаграм како изгледа едно од нејзините патувања со автомобил, а откри и што е во моментот на нејзината музичка листа.

Добро расположената пејачка ја отпеа песната „Љубе се добри, лоши, зли“, големиот хит на Магазин од 1989 година, а видеото го придружи со кратка порака: „Љубовта ни стои добро на сите“.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Објавата предизвика бројни реакции кај обожавателите, а многумина забележаа дека Јелена не крие колку е задоволна и исполнета во последните месеци.

Имено, таа веќе некое време ужива во врската со 10 години помладиот музичар Иван Хуљиќ, син на Тончи Хуљиќ (познат хрватски музичар, текстописец и музички продуцент).

Иако најчесто ја држат својата врска подалеку од јавноста, познато е дека често патуваат заедно и дека Иван ѝ е голема поддршка, особено поради фактот што и самиот потекнува од музичко семејство и добро ги разбира барањата на нејзината работа.

Поврзани содржини