287 ЛИЦА ВО ИЗРАЕЛ ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА Еден загинат во Бнеи Брак, меѓу повредените има и деца

Сѐ уште нема информации за здравствената состојба на 15-те лица префрлени во болница во Бнеи Брак - град кој се наоѓа источно од Тел Авив, а кој ноќеска беше погоден од иранска ракета.

100

Најмалку 287 лица, повредени во воздушните напади на Иран врз израелски цели во текот на ноќта, се пренесени во болници, соопшти израелското Министерство за здравство.






Едно лице е во сериозна состојба, а 14 повредени имаат умерени повреди, вклучувајќи 2 лица – хоспитализирани во детска болница во Петах Тиква.

Повеќето, како што пренесува Тајмс оф Израел, имаат полесни повреди или се во шок.

Министерството за здравство не ја соопшти состојбата на 15-те лица, пренесени во болница во местото Бнеи Брак. Тој град, источно од Тел Авив, беше погоден од иранска ракета во текот на ноќта, при што загина едно лице.

📽 ИРАН ГО РАКЕТИРАШЕ ИЗРАЕЛ, ПРОЕКТИЛ ПАДНА БЛИЗУ АМБАСАДА „Народот на Техеран ќе ја плати цената“

Поврзани содржини