АЛБАНИЈА ГО ПРИВРШУВА 400 КИЛОВОЛТНИОТ ДАЛНОВОД КОН МАКЕДОНИЈА Кај нас работите треба да завршат во 2027 година

Проширувањето на 400 киловолтниот далновод вклучува изградба на два сегмента од далноводот Елбасан-Фиер и Елбасан- граничен премин Ќафасан, на албанско -  македонската граница кај Струга,  со  вкупна должина од 130 километри,  изградба на новата 400/220 киловолтна  трафостаница „Елбасан 3“, како и рехабилитација на постојната во Фиер.

646

Еден од најважните енергетски проекти во Западен Балкан, проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Северна Македонија, е во завршна фаза, објавија албанските медиуми.

Проектот е  имплементиран со поддршка на Европската Унија и германската влада, преку Германската банка за развој (KfW).






Овој значаен зафат е во вкупна вредност од 67,5 милиони евра, од кои 50 милиони евра се финансирање во форма на заем од KfW; 17,5 милиони евра се неповратен грант од Европската Унија преку WBIF (Инвестициски фонд за Западен Балкан).

Проширувањето на 400 киловолтниот далновод вклучува изградба на два сегмента од далноводот Елбасан-Фиер и Елбасан- граничен премин Ќафасан, на албанско –  македонската граница кај Струга,  со  вкупна должина од 130 километри,  изградба на новата 400/220 киловолтна  трафостаница „Елбасан 3“, како и рехабилитација на постојната во Фиер.

– Клучните придобивки за регионот вклучуваат зголемена прекугранична енергетска безбедност, развој на модерна инфраструктура за чиста енергија, поддршка за економски развој и создавање работни места и подобрена регионална координација во случаи на енергетски кризи – оценуваат од Министерството за енергетика на Албанија.

Оттаму велат дека оваа инфраструктура значително ќе го зајакне капацитетот за пренос на електрична енергија и ќе создаде клучна точка за поврзување со енергетскиот систем на Северна Македонија, воспоставувајќи силна основа за регионалниот пазар на електрична енергија во Западен Балкан.

Од македонска страна проектот беше заглавен и во април новото раководство на МЕПСО објави нов меѓународен тендер. До крајот на годинава се очекува да биде избран нов изведувач на работите, кој треба да го почне проектот да почне  на почетокот на 2026 година. Комплетната реализација е планирана до крајот на 2027 година.

400-киловолтен надземен далновод ќе ја поврзе Трансфстаницата  Битола 2 со македонско-албанската граница.

Проектот, со проценета вредност од околу 17 милиони евра, се финансира преку заем и грантови од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и европските фондови.

Поврзани содржини