НЕТАНЈАХУ РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ ЗДИВНЕ ЗА ВИКЕНД ДЕН ПРЕД ГОЛЕМИОТ НАПАД Тактика на дефокус додека се чека одмаздата на Иран?

Светот со неизвесност ја следи ситуацијата по нападот на Израел врз Иран, кој, според денешната изјава на Нетанјаху, петок, 13 јуни, ќе трае со денови. Сепак, Нетанјаху во четвртокот изјавил дека за викендот ќе оди на одмор на северот на земјата.

1,230

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ден пред нападот на Израел врз Иран изјавил дека ќе оди на одмор за викендот на северот на земјата, пренесува хрватски Индекс. Западните аналитичари велат дека се работи за тактика за да се дефокусира Иран.

Изјавата на Нетанјаху доаѓа ден откако неговата „расцепкана“ десничарска коалиција преживеа гласање за недоверба поради предлог-закон за регрутација кој го поднесе опозицијата.






Утрото на 13 јуни, петок, Израел изврши бран воздушни напади во раните утрински часови врз иранските нуклеарни постројки, фабриките за балистички ракети и високите воени функционери, вклучувајќи ги и највисоките членови на военото раководство.

Иако меѓународната заедница очекуваше Израел да почека нови американско-ирански разговори планирани за оваа недела во Оман, Тел Авив одлучи да изврши изненаден напад, дополнително влошувајќи ја веќе нестабилната ситуација во регионот.

Светот со неизвесност ја следи ситуацијата по нападот на Израел врз Иран, кој, според денешната изјава на Нетанјаху, петок, 13 јуни, ќе трае со денови. Милиони Израелци преноќија во засолништа стравувајќи од одмаздата на Иран, додека Блискиот Исток е на раб на војна.

Иран првично одговори со напад со стотина дронови, но аналитичарите велат дека се спрема масовен одговор.

Израелската војска сè уште работи на пресретнување на ирански беспилотни летала што беа лансирани кон израелска територија по синоќешниот напад врз Иран.

Околу три часот наутро, сирените беа активирани низ целиот Израел, а граѓаните беа повикани да останат во близина на засолништата поради можна иранска одмазда.

Израелските стратези проценуваат дека Иран во моментов е во најслаба политичка и воена состојба со години, а неговите регионални сојузници, вклучувајќи го и Хезболах во Либан, се сериозно ослабени.

Нападите од октомври 2024 година уништија голем дел од системите за воздушна одбрана на Иран, дозволувајќи им на израелските воздухопловни сили релативна слобода на дејствување над иранското небо.

Иран не доживеал ваков напад уште од војната со Ирак во 80-тите години од минатиот век. Во 1981 година во израелски напад за само 80 секунди беше уништен нуклеарен реактор.

Денес, како што ескалира конфликтот, прашањето е дали историјата се повторува.

Поврзани содржини