ДОЛГИТЕ ПОПРАВКИ НА АВИОНИТЕ ГО ПРИЗЕМЈИЈА ПРОФИТОТ НА „ВИЗЕР“ Падна и вредноста на акциите на авиокомпанијата
Европските авиокомпании претходно предупредија на долги доцнења во испораките на авиони и неизвесност околу одржувањето на високата побарувачка по пандемијата, дополнително влошена од економската нестабилност предизвикана од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови тарифи.
Авиокомпанијата „Визер“ забележа пад на годишниот профит поради голем број приземјени авиони и долгиот период на чекање на нивните поправки.
До мај, „Визер“ имаше 37 авиони надвор од употреба, а очекувањата се дека 34 авиони ќе останат приземјени и во 2026 година. Просечното време за поправка во сервисите се проценува на околу 300 дена.
Застојот се должеше на проблеми со моторот на компанијата „Прет и Витни“, која е сопственик на RTX, што ја ограничи можноста на „Визер“ да го зголеми капацитетот.
Оперативниот профит за финансиската година што заврши на 31 март се намали за 61,7% на годишно ниво на 167,5 милиони евра. Акциите на компанијата што котира на берзата во Лондон паднаа за 26% на 1.227 пени, продолжувајќи го падот од 48% од почетокот на годината.
-Кога ќе погледнете како функционира синџирот на снабдување во индустријата, има пукнатини насекаде – изјави извршниот директор Џозеф Варади.
Претходно тој изјави и дека очекува компанијата да ги чувствува ефектите од проблемите со поправка на моторот уште 2 до 3 години.