ИНЦИДЕНТ КАЈ ЏАМИЈАТА ВО СТУДЕНИЧАНИ Малолетници нападнале 55-годишен маж со нож
На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот, соопшти полицијата.
Ноќеска во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот. Од страна на доктор при ГОБ ‘Свети Наум Охридски’ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување. Известен е надлежен ЈО, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродором бил сочинет Записник за примање на пријава по чл.123 вв. 19 од КЗ на РСМ“, наведено е во полицискиот билтен.