ТРАГЕДИЈА ВО КОНДОВО, РАБОТНИК ПОЧИНАЛ ОД СТРУЕН УДАР За време на несреќата 38-годишникот работел на куќа во изградба

Мажот од Студеничани извршувал градежни работи на куќа во изградба кога добил струен удар и паднал на земја. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото е предадено на обдукција.

0

Триесет и осумгодишен маж од скопското село Студеничани починал откако добил струен удар додека извршувал градежни работи на куќа во изградба во селото Кондово.

Несреќата била пријавена во СВР Скопје вчера околу 14 часот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, М. Б. добил струен удар, по што паднал на земја.






Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото и констатирал смрт.

Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Засега нема дополнителни информации за околностите под кои дошло до струјниот удар.

Поврзани содржини