СЛАВНИОТ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР ГО ИЗНЕНАДИ НОВАК ЃОКОВИЌ СО ЧЕСТИТКА „100 победи, жива легенда“

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ доживеа голем момент овој викенд во Женева, каде што по повеќе од три часа борба успеа да го победи Хуберт Хуркач во финалето и со тоа да стигне до својот 100-ти пехар во кариерата.

8,760

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ доживеа голем момент овој викенд во Женева, каде што по повеќе од три часа борба успеа да го победи Хуберт Хуркач во финалето и со тоа да стигне до својот 100-ти пехар во кариерата.

На овој начин, Ноле влезе во одбраното друштво на бесмртни тенисери, а сега само Џими Конорс со 109 и Роџер Федерер со 103 имаат повеќе трофеи од него.






Ѓоковиќ сè уште има шанса да го поправи тоа, сега доаѓа Ролан Гарос, но прво еден ден одмор пред да излезе на земјената подлога во Париз во вторник.

Многумина му честитаа на Новак Ѓоковиќ за големиот успех, а меѓу оние кои му испратија порака на тенисерот беа Богдан Богдановиќ, кој го напиша бројот сто заедно со фотографијата, Хуан Мартин Дел Потро, кој постапи на сличен начин, но и легендарната Били Џин Кинг.

– 100 титули во кариерата, неверојатно. Честитки – напишала Били Џин Кинг.

Славниот холивудски актер Метју Меконахи исто така се огласи и му испрати убава порака на Ѓоковиќ преку социјалната мрежа Икс.

– 100 победи за Новак Ѓоковиќ. Жива легенда – напиша познатиот актер.

 

Меконахи повеќепати го пофали Ѓоковиќ. Минатата година, по победата на Ѓоковиќ во осминафиналето на Ролан Гарос, познатиот актер се огласи на Икс.

„ГОАТ, повеќе од ментална машина“, напиша Меконахи покрај својата фотографија од трибините.

Ѓоковиќ ќе го започне своето учество на Ролан Гарос в вторник против Американецот Мекензи Мекдоналд.

 

Поврзани содржини