🎥 МЕТЈУ МЕКОНАХИ И ВУДИ ХАРЕЛСОН ЌЕ СЕ ГЛУМАТ САМИТЕ СЕБЕ Темата на новата серија на холивудските миленици е лична: дали се навистина полубраќа?
Метју Меконахи и Вуди Харелсон повторно ќе застанат заедно пред камерите, а во новата серија ќе си поиграат со приказната која ги следи и во реалниот живот – можноста долгогодишните пријатели всушност да се браќа.
Метју Меконахи и Вуди Харелсон повторно ги здружуваат силите пред камерите, а нивниот нов заеднички проект е особено интересен поради приказната која со години го следи нивното пријателство. Во новата хумористична серија „Brothers“ тие ќе играат измислени верзии на самите себе, а во центарот на дејството ќе биде прашањето за кое и приватно повеќепати зборувале – дали можеби навистина се браќа.
По 12 години од нивната заедничка работа во серијата „True Detective“, Метју Меконахи и Вуди Харелсон повторно ќе се најдат заедно на малите екрани. Новата комедија „Brothers“, ќе има премиера на 23 септември, која на Apple TV и истиот ден ќе бидат објавени првите две епизоди.
Серијата има осум епизоди, а нова епизода ќе се објавува секоја среда до 4 ноември. Интересно е што актерите играат измислени верзии на самите себе, а приказната започнува кога дознаваат дека можеби не се само долгогодишни пријатели, туку и браќа.
Заплетот не е целосно измислен. Идејата е инспирирана од нешто што навистина им се случило пред околу девет години, за време на семеен одмор во Грција. Децата на двајцата актери забележале колку личат нивните татковци на старите фотографии, а разговорот набрзо добил неочекуван пресврт.
Мајката на Меконахи, Кеј, во разговорот спомнала дека го познавала таткото на Харелсон, Чарлс Харелсон – но начинот на кој го кажала зборот „познавав“ оставил простор за многу посериозно значење. Меконахи подоцна објаснил дека сите околу масата го забележале недоречениот момент и дека започнале да се прашуваат што всушност значел.
Потоа двајцата направиле своевидна „истрага“. Ги споредиле временските периоди и откриле дека Чарлс Харелсон во периодот кога можел да биде зачнат Метју бил на слобода, додека неговите родители биле во период на развод. Меконахи дури споменувал можни сметки и места во Западен Тексас кои би можеле да укажуваат дека неговата мајка и Чарлс Харелсон се сретнале токму во тој период. Тоа, сепак, не е доказ дека имале врска, ниту дека Чарлс бил биолошкиот татко на Метју.
Единствениот начин мистеријата да биде дефинитивно решена е ДНК-тест, а токму тука приказната станува уште поинтересна. Вуди Харелсон јавно кажал дека би сакал двајцата да направат тест и да дознаат дали навистина се полубраќа. Меконахи, сепак, е многу повоздржан. Тој објаснил дека за него последиците би биле многу поголеми, бидејќи би морал да се соочи со можноста човекот кого целиот живот го сметал за свој татко, Џејмс „Биг Џим“ Меконахи, биолошки да не му биде татко.
И покрај тоа што никогаш не го потврдиле роднинството, нивната блискост со години ги поттикнува шпекулациите. Нивните семејства се исклучително блиски, а децата на актерите меѓусебно ги нарекуваат „чичко Метју“ и „чичко Вуди“. Самите актери имаат зборувано и дека на фотографиите понекогаш нивните семејства ги мешаат еден со друг. Харелсон во 2023 година дури кажал дека во приказната има „нешто вистинито“ и отворено го поддржал ДНК-тестот.
Токму оваа реална, но никогаш разрешена приказна станала основа за „Brothers“. Во серијата, по пропаднатата свадба на ќерката на Вуди, тој со семејството заминува на ранчот на Меконахи во Остин. Таму мајката на Метју, која ја игра Холанд Тејлор, случајно открива одамна чувана семејна тајна дека двајцата можеби се браќа. Вуди потоа се впушта во потрага по вистината, додека Метју се соочува со сопствена криза на идентитетот и со идејата да се кандидира за гувернер на Тексас.
Така, серијата намерно ја меша реалноста со фикцијата: двајцата актери навистина се долгогодишни пријатели, навистина постои сомнеж дека можеби имаат заеднички татко и навистина никогаш не направиле тест кој би ја решил дилемата.