СДСМ Е НА СТРАНАТА НА КИНА СО ХИСТЕРИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТРИТЕ Кој е интересот на опозицијата да ги минира нашите стратешки партнери САД?

Но, прашањето е што ги тера СДСМ и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка, да шират хистерија, страв и паника во јавноста со единствена цел, граѓаните да ги свртат против можноста во државата да се градат центри за податоци кои кај нас би дошле како странска директна инвестиција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

0

СДСМ е на иста страна со Кина во противењето на изградбата на дата-центри, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија тврди дека ставовите на СДСМ потсетуваат на ставовите на соц-демократите во САД кои креирајќи паника извршуваат агенда на бот-профили од Кина.

Од ВМРО-ДПМНЕ го соопштија следново:






„Опозициската СДСМ на иста линија како и Кина, против Соединетите Американски Држави, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Хистеријата којашто изминатиот период СДСМ ја шири против евентуалната изградба на дата центри, е на иста линија со Кина и против технолошки најразвиената држава во светот и наш стратешки партнер, САД.

Во изминатиот период, слично како кај нас што прави СДСМ, и во САД, главно преку социјалните мрежи, се креира јавно мислење кое американскиот народ треба да го сврти против изградба на дата центри.

Неколку медиуми во Америка известуваат дека ваквото спротивставување против дата центри е организирано од Кина преку голем број профили од кинеска фарма за ботови кои на социјалните мрежи се обидуваат тивко да влијаат врз Американците.

Тезите во објавите на овие ботови, се слични како и тие кои ги користи и СДСМ, дека вештачката интелигенција, односно изградбата на дата центрите го оптоварува електроенергетскиот систем, ги зголемува сметките за струја, а поединци ќе се богателе на сметка на јавниот интерес.

Според пишувањата во американските медиуми, Кина тоа го право со намера на влијае врз својот најголем конкурент, затоа што моментално со САД се во трка да ги изградат најсовремените дата центри и најнапредни системи за вештачка интелигенција во светот.

И од ова гледна точка, делувањето на Кина преку ботови на социјалните мрежи да влијаат врз Американците да се спротивстават на изградбата на дата центри за вештачка интелигенција, до некаде е разбирливо.

Но, прашањето е што ги тера СДСМ и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка, да шират хистерија, страв и паника во јавноста со единствена цел, граѓаните да ги свртат против можноста во државата да се градат центри за податоци кои кај нас би дошле како странска директна инвестиција.

Како ВМРО-ДПМНЕ му порачуваме на СДСМ дека безуспешни ќе им бидат сите обиди за да го спречат развојот на државата, и да се стават на иста линија и во служба на интереси против нашите стратешки партнери.

Иднината на светот е развојот на високата информатичка технологија и Македонија мора да го фати чекорот, за и во ова индустрија да не биде во последните родови, секако со почитување на сите законски прописи кои гарантираат заштита на животната средина, домашните ресурси и државните интереси“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини