ФИЛИПЧЕ ПРИЗНА ДЕКА ИМА „ЗЛАТНА ВИЗА“ ЗА ДУБАИ Не била за инвестиција, само за преговарање за работа со една болница

На крајот на април, лидерот на опозицијата, даде сосема спротивна изјава за медиумите. Тој тврдеше дека нема виза која е поврзана со инвестиции, туку му била само за патување.

942

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во поткастот „Политиканти“  призна дека има златна визa за Дубаи. Тој вели дека „не е поврзана со никаква форма на инвестиции“.

-Пред да се кандидирам за претседател на СДСМ и претходно за пратеник бев во преговори за работа со една болница во Дубаи и добро напредуваа преговорите. Меѓутоа откако станав претседател на партијата тие преговори останаа на стенд-бај, тоа е и причината зошто имам виза за Дубаи – вели Филипче.






На прашањето зошто ова не го кажал порано, Филипче вели дека мисли дека треба сите да се обидат нивото на политичка дискусија, дебата и култура да се промени.

На крајот на април, лидерот на опозицијата, имаше друга изјава пред медиумите.

-Немам виза која е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза која е поврзана со милиони, авиони, камиони. Едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам – одговори Филипче на прашање на Телма телевизија пред две недели.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат? Како само неколку дена откако Венко Филипче изјави дека нема златна виза за Дубаи, истиот тој признава – има. И не само што има, туку „преговарал со болница“, а сега тоа било „ставено на стенд бај“.

-Граѓаните имаат право да прашаат Како се добива златна виза за преговори? Зошто визата ја криел? Зошто нема ниту еден доказ за постоење на каква било приватна болница поврзана со него? Во кое својство преговарал – како министер, пратеник, партиски функционер или приватен бизнисмен? Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на „стенд бај“ – некоја болница или нечија совест?Ова е уште еден доказ дека раководството на СДС се обидува да ги лаже граѓаните, да прикрие бизниси и да бега од одговорност. Додека Филипче „преговарал“ по Дубаи, Македонија тонеше во здравствен хаос, а народот се бореше со маски, страв и недостиг од лекови. Време е СДСМ и нивните лажни реформатори да одговараат – пред законот и пред народот. Македонија е премногу долго заложник на нивните манипулации и договори под маса –  констатираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини