ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДА КАЖЕ ОД КОГА ЗНАЕЛ ЗА СКАНДАЛОТ ТЕЖОК 37 МИЛИОНИ ЕВРА Го обелодени дури откако се скара со Славјанка Петровска, ЈО треба да го викне на разговор

Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело – потсетува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

78

Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден 37 милиони евра, поврзан со периодот кога Петровска беше министерка за одбрана – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Филипче да не молчи и да престане со двојните аршини, доколку навистина се залага за европски вредности и борба против корупцијата. Филипче да каже од кога знаел и зошто за овие наводи Филипче не зборувал порано?






Ако со вакви информации располагал зошто не ги доставил до надлежните институции? Дали станува збор за сознанија што ги имал и претходно, или за тема која ја отвори дури откако започна политички судир со Петровска?

Ова не смее да остане на ниво на меѓусебни обвинувања. Ако Филипче има докази, нека ги достави до ЈО. Ако има сознанија, нека ги обелодени. Бидејќи кога се зборува за 37 милиони евра, не станува збор за внатрепартиска кавга, туку за јавен интерес и за одговорност пред граѓаните.

Затоа Филипче ако знаел, зошто молчел, а проговори дури откако се скара со Петровска?

Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Поврзани содржини