УСПЕШЕН ПРВ КВАРТАЛ НА НЛБ БАНКА Континуиран раст, поддршка на населението и бизнисот и значаен придонес во заедницата

Во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари  нето добивка во износ од 719.468 илјади денари што претставува зголемување за 6,1 % во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 2,1 % споредено со крајот од 2024 година.

80

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година.

Во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари  нето добивка во износ од 719.468 илјади денари што претставува зголемување за 6,1 % во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 2,1 % споредено со крајот од 2024 година. Во анализираниот период, вкупните депозити на Банката во однос на 31.12.2024 година се намалени за 5,8 %, додека депозитите по видување на домаќинства бележат пораст за 7,7 %.






– Овие резултати на Банката се должат на успешно спроведената деловна стратегија,  засилените продажни активности во сите сегменти од работењето, вклучително и ефикасното управување со ризиците, оперативната ефективност и постојаната ориентација кон подобрување на корисничкото искуство и одржливиот раст – велат од НЛБ.

Во првиот квартал од годинава, непосредно по трагедијата во Кочани, НЛБ Банка Скопје донираше средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст  за прва помош на повредените и семејствата на настраданите, а како оснoвач и донатор во Фондацијата „Заедно за едно“ на Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките – членки на НЛБ Групацијата, ќе реализира донација од 350.000 евра за рехабилитација и медицински третмани на повредените, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата.

– Во фокусот на работењето на Банката како и до сега се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, иновациите и примената на  вештачката интелигенција, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост – велат од НЛБ.

 

Поврзани содржини