ВМРО-ДПМНЕ ЈА ИСПОРАЧУВА ВЕТЕНАТА ПРАВДА Над 60% од граѓаните ја поддржуваат Власта во борбата со корупцијата

Според анкетата на агенцијата Маркет Вижн, спроведена меѓу 20 март и 17 април на примерок од 1200 испитаници, повеќе од 60% од граѓаните ја забележуваат и ја поддржуваат борбата на Владата против организираниот криминал. Повеќе од 60% од испитаниците сметаат дека борбата е интензивна и континуирана.

423

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните, исполнувајќи ги нивните очекувања, соопштија денеска од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека одлучната борба против корупцијата, која била едно од носечките ветувања во изборната кампања, веќе дава резултати на терен.

„Бројните и постојани акции на полицијата, со уапсени осомничени за криминални и коруптивни дела, се доказ дека борбата не е само декларативна, туку реална и ефикасна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Според анкетата на агенцијата Маркет Вижн, спроведена меѓу 20 март и 17 април на примерок од 1200 испитаници, повеќе од 60% од граѓаните ја забележуваат и ја поддржуваат борбата на Владата против организираниот криминал. Повеќе од 60% од испитаниците сметаат дека борбата е интензивна и континуирана.

„По долги години, граѓаните денес гледаат надеж и резултати во борбата против криминалот. Фокусот сега е насочен кон економијата и подобрување на животниот стандард“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека според истото истражување, граѓаните ја поддржуваат економската политика на Владата, при што две третини од испитаниците ја поддржуваат мерката за замрзнување на маржите на дел од основните производи, а над 40% сметаат дека производите вклучени во мерката се добро избрани.

„И покрај тешката економска состојба што ја наследивме, реформите веќе даваат резултати и Македонија ја очекуваат економски успеси“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата покажала и силна поддршка за реформи во правосудниот систем. Над 50% од испитаниците се за промени во Судскиот совет, а 45,7% сметаат дека треба да се смени и јавниот обвинител.

„Ова е повеќе од мотив за уште поодлучна работа – граѓаните сакаат реформи, правда, стабилност и подобар животен стандард, и токму тоа ќе го добијат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека анкетата потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер Христијан Мицкоски остануваат во убедливо и неприкосновено водство на политичката сцена во Македонија.

Поврзани содржини